

Speedfight 50
50cc
Speedfight како „еталон“ за спортски скутер
Со рекордните продажби (повеќе од половина милион примероци глобално!), Speedfight прерасна во вистинска легенда од скутер — поим за спортски скутер. Четвртото поглавје на приказната, Speedfight-4, пркоси со препознатливиот, предаторски стил: спремност за растргнување на асфалтот. Чиста страст за возење. Сега дизајнот е со олеснети линии, и има засилен акцент на неговиот агресивен, основен стајлинг на кој не може да му се одолее: лентикуларни фарови, профилиран нос, агресивни усисници и визуелно „deployed“ заден спојлер. Speedfight е повторно тука.

Карактер
Силен, самоуверен, створен да царува со асфалтот.
Новиот, ЕУРО-5 нормиран 4Т мотор, 13-инчните, сериозно димензионирани пневматици, зајакнатите и прецизни вилушки, дигиталниот инструмент, спојлерскиот пакет и многуте типични Speedfight детали, даваат недвосмислен спортски шмек со исклучителен, супериорен дизајн.

Комфор и практичност
Спортски, а практичен: под седиштето собира интегрален, вистински фул-фејс шлем. Има приклучок за 12V полнач во фиоката за ракавици.
Двоен лентикуларен фар — врвна видливост во долгите летни ноќи. Осветлена значка напред.
Технички податоци
- Стандард: Euro 5
- Хомологација: L1e-B
- Мотор: 50 4T воздушно (45 km/h)
- Тип: 4-тактен едноцилиндричен, 2 вентили
- Зафатнина (cc): 49.9
- Дијаметар x од (mm): 37 x 46
- Напојување: Електронско вбризгување
- Ладење: Воздушно
- Макс. моќност (kW): 2.2
- Макс. моќност (hp): 3
- Макс. моќност (vrt/min): 8000
- Макс. вртежен момент (Nm): 3
- Макс. брзина (km/h): 45
- CO₂ емисија (g/km): 51
- Ниво на бучава (dB): 71
- Трансмисија: Автоматска (CVT, ременски пренос)
Достапни бои



Прикажаната цена ги содржи сите увозни давачки, односно ги вклучува Царината, ДДВ и ДМВ, како и потврдувањето на техничко/хомологациската сообразност на возилото. Цената не вклучува транспорт и испорака. Цената не вклучува регистрација, осигурување и регист. таблички. Дистрибутерот го задржува правото да може да ја смени продажната цена без тоа да биде веднаш одразено во прикажаното на овој вебсајт.
Твојот Peugeot скутер те чека.
Побарајте кредитирање/Цена