

Tweet 125cc / 200cc
125cc
Создаден за градот
Препознатливиот Peugeot дизајн, кој ги „лепи“ сите урбани погледи, кај Tweet е комбиниран со големи, стабилни 16-инчни тркала.
од
225,725 ден.
3,670 € или 77 €/месец* (Tweet 125).
За Tweet 200cc побарајте понуда. Промоција за ограничен број примероци TWEET 125 ‘Pacific’ — само додека траат залихите!

Маневрабилност и леснотија
Tweet се издвојува со маневрабилност и леснотија на управување. Неговата компактна широчина го прави совршен за лесно и сигурно пробивање низ градските предизвици — поминува течно и низ оние ситуации каде другите скутери мора да сопрат.
Големите тркала, во спој со француски конструираното подвозје, нудат изразена удобност по нерамнини, но и вистинска мото-динамика на отворен пат: секое патување е безбедно и опуштено. Притоа, возачот и патникот се удобно сместени и имаат оптимална сигурност — раскошно димензиониран систем за сопирање.

Мотор и економичност
Погонскиот мотор е проверен и едноставен, без непотребни компликации, со карактеристично добар одзив од ниски вртежи. EURO-5 еко-нормата и ниската потрошувачка го прават вашиот избор еколошки релевантен.

Дизајн што се памети
За динамично пробивање низ градскиот метеж, димензиите и пропорциите на скутерот се пресудни. Токму низ возните својства и управливоста на Tweet го чувствувате 125-годишното искуство на Peugeot Motocycles.
Сето тоа е вкомпонирано во авангарден, префинет дизајн кој се памети — вашиот стилски израз, кој го заслужувате.
Технички податоци
- Стандард: Euro 5
- Хомологација: L3e-A1
- Тип: 4-тактен едноцилиндричен, 2 вентили
- Зафатнина (cc): 124.6
- Дијаметар x од (mm): 52.4 x 57.8
- Напојување: Електронско вбризгување
- Ладење: Воздушно
- Макс. моќност (kW): 8.4
- Макс. моќност (hp): 11.4
- Макс. моќност (vrt/min): 8500
- Макс. вртежен момент (Nm): 10.3
- Макс. вртежен момент (vrt/min): 6500
- Макс. брзина (km/h): 99
- Потрошувачка (L/100km): 2.4
- CO₂ емисија (g/km): 56
- Стартување: Електрично
- Трансмисија: Автоматска (CVT, ременски пренос)
Достапни бои



* Во случај на пред-одобрено финансирање со посредство на дистрибутерот. Износот на месечна рата е даден како ориентациона кредитна рата, за примерно даден период на исплата од 48 месеци, преку реномирана банка. Обратете се кај вашиот дистрибутер за подетални информации околу начинот на аплицирање.
Твојот Peugeot скутер те чека.
Побарај цена