

XP400
400cc
Премиум сегментот на Peugeot
Како со смелиот дизајн, така и со сеопфатната функционалност, Peugeot XP400 GT е снажно возило од 400cc. Автентичен Made-in-France модел, XP400 GT го заокружува премиум сегментот на семејството Peugeot скутери.

Дизајн
Неговиот сфумато ветробран, подвозјето од врвен квалитет и ангуларните, строги линии ги пружаат снагата и динамизмот кои се толку потребни во сегментот на макси-скутерите. Повеќенаменскиот профил на пневматиците кај GT-верзијата нуди и сериозни можности за лесни излети по макадамски патишта, давајќи му уште поширок спектар на функционалност на ултра-модерниот макси-скутер на Peugeot.
Стајлингот е спортски и многу снажен — макси-скутерот во својата најспортска изведба. Значката е осветлена со full LED елементи, нешто што веднаш го привлекува вниманието, како и светлосните групи во облик на лавовски елементи. Едно е сигурно: неговиот самоуверен дизајн не поминува незабележано.

Перформанси
Моторот е PowerMotion® од 400 cc. Плод на компетентноста на нашите инженери, овој нов агрегат, целосно произведен во Франција, испорачува здрави 26,5 kW (36,7 КС) при 8.150 врт/мин и вртежен момент од 38,1 Nm при 5.400 врт/мин, со што нуди најдобри перформанси во својата класа.
Подигнувањето на вртежниот момент на ниски вртежи, како и технологијата LFE*, обезбедуваат попријатно возење и поефикасна економичност за оние возачи кои ценат лесно, течно и префинето забрзување.
Технички податоци
- Стандард: Euro 5
- Тип: PowerMotion® 4-тактен едноцилиндричен
- Зафатнина (cc): 400
- Дијаметар x од (mm): 84 x 72
- Напојување: Електронско вбризгување (EFI)
- Ладење: Течно
- Макс. моќност (kW): 26.5
- Макс. моќност (hp): 36
- Макс. моќност (vrt/min): 8150
- Макс. вртежен момент (Nm): 38.1
- Макс. вртежен момент (vrt/min): 5400
- Стартување: Електрично
- Трансмисија: Автоматска (CVT, ременски пренос)
Достапни бои


Твојот Peugeot скутер те чека.
Побарај цена