Peugeot Motocycles
Tweet FL 50
Peugeot Motocycles

Tweet FL 50

50cc

Препознатлив дизајн на големи 16-инчни тркала

Препознатливиот Peugeot дизајн, кој ги „лепи“ сите урбани погледи, кај Tweet 50 е комбиниран со големи, стабилни 16-инчни тркала. Поради тоа се издвојува со маневрабилност и леснотија на управување.

од

193,350 ден.

3,131 € или 68 €/месец*

Создаден за градот

Создаден за градот

Неговата компактна широчина го прави совршен за лесно и сигурно пробивање низ градските предизвици — поминува течно и низ оние ситуации каде другите скутери мора да сопрат.

Големите тркала, во спој со француски конструираното подвозје, нудат изразена удобност по нерамнини: Tweet 50 ве опушта. Притоа, возачот и патникот се удобно сместени и имаат оптимална сигурност — значително димензиониран систем за сопирање.

Едноставен и еколошки свесен

Едноставен и еколошки свесен

Погонскиот мотор од 50cc е проверен и едноставен, без компликации. ЕУРО-5.2 еко-нормата и изразено ниската потрошувачка го прават изборот еколошки свесен.

125 години искуство во еден стил

125 години искуство во еден стил

За динамично пробивање низ градскиот метеж, димензиите и пропорциите на скутерот се пресудни. Токму низ димензиите и управливоста на Tweet, го чувствувате 125-годишното искуство на Peugeot Motocycles.

Сето тоа, вкомпонирано во авангарден, префинет дизајн кој се памети — вашиот стилски израз, кој го заслужувате.

Технички податоци

  • Стандард: Euro 5
  • Хомологација: L1e-B
  • Тип: 4-тактен едноцилиндричен
  • Зафатнина (cc): 49.9
  • Напојување: Електронско вбризгување
  • Ладење: Воздушно
  • Макс. моќност (kW): 2.2
  • Макс. моќност (hp): 3
  • Макс. моќност (vrt/min): 8000
  • Макс. вртежен момент (Nm): 3
  • Макс. вртежен момент (vrt/min): 6000
  • Макс. брзина (km/h): 45
  • Стартување: Електрично
  • Трансмисија: Автоматска (CVT, ременски пренос)

Достапни бои

Antarctica White
Antarctica White
Graphite Grey
Graphite Grey

* Во случај на пред-одобрено финансирање со посредство на дистрибутерот. Износот на месечна рата е даден како ориентациона кредитна рата, за примерно даден период на исплата од 48 месеци, преку реномирана банка. Обратете се кај вашиот дистрибутер за подетални информации околу начинот на аплицирање.

Твојот Peugeot скутер те чека.

Побарај цена