

XP6 50cc 2T
50cc
Враќањето на двотактниот мотор и 6-степен менувач!
XP6 го означува враќањето на Peugeot Motocycles во сегментот со менувач од 50cc. Префинет, квалитетен мотоцикл, дизајниран за оние кои сакаат да откријат возење со повеќе сензации, поголема контрола и вистинско задоволство при возењето.

Создаден за нови сензации
Одзивот на гас типичен за двотактните мотори е нешто кое не може да се опише.
XP6 е наменет за почетници или возачи во развој кои го бараат својот прв мотоцикл, но и за мотоциклисти кои бараат ултра-лесен, забавен Ендуро / Супермото двотакташ, за слободно време и рекреација во природа. Одличен е и како мопед, за секојдневно „зуење“ низ град или до работа.

Традиција на мотоцикли со менувач
Со децении, Peugeot Motocycles ја обликува историјата на лесни мотоцикли со менувач, со модели кои станаа култни за цела генерација возачи, придружувајќи ги на нивниот пат во мото-учењето.
Со XP6 2T, брендот се потпира на ова искуство за да понуди достапен, сигурен и лесен за учење менувач, конструиран сериозно по високи стандарди.
.webp)
Пристапен од првите километри
XP6 2T се чувствува како пристапен уште од првите километри. Мотоциклот е стабилен и смирувачки, овозможувајќи ви да се фокусирате на она што е суштинско: шалтање, учење, напредок и стекнување самодоверба.
Овој пристап ви овозможува да добиете прецизност и да ги развиете вистинските рефлекси на еден мотоциклист. Мотоцикл кој инспирира самодоверба, а воедно го задржува очекуваното задоволство и карактер на Ендуро / Супермото со менувач.
Технички податоци
- Стандард: —
- Хомологација: —
- Тип: —
- Зафатнина (cc): —
- Напојување: —
- Ладење: —
- Макс. моќност (kW): —
- Макс. моќност (hp): —
- Макс. вртежен момент (Nm): —
- Макс. брзина (km/h): —
- Стартување: —
- Трансмисија: —
Достапни бои

Твојот Peugeot скутер те чека.
Побарај цена