
Kisbee S 50 MadBlack
50cc
Најпродаваниот 50cc скутер во Европа
Kisbee S 50 е најпродаваниот 50cc скутер во Европа — апсолутен бестселер во својата категорија. Постигнува идеален баланс во сите карактеристики, со крајна цел да овозможи ценовно одмерена урбана мобилност, но без компромиси во суштинските аспекти.

од
158,550 ден.
2,575 € или 57 €/месец*
2 години гаранција од производителот.

Дизајн
Дизајнот на Kisbee S е триумф на спојот на едноставноста со префинетите, заоблени линии, сето заокружено со квалитетна завршна обработка, складни текстури и робусни споеви на каросеријата. Сè на него е конципирано за максимална практичност и робусност во суровите градски услови.
Проектиран да ви ги поедностави секојдневните релации, се одликува со трајна, здрава конструкција и доверлива, едноставна и проверена техника, со EFI вбризгување: просечна потрошувачка од само 1.9 л./100 km. Во спој со обемниот резервоар кој собира цели 6,7 литри, Kisbee S ви овозможува автономија од бензинските станици од околу ~350 – 370 km.

Удобност и практичност
Kisbee S ги исполнува барањата на секојдневното живеење, со неговата удобност и практичност во сите услови.
Ергономски, овој ултра-продаван скутер е конципиран така да се прилагоди на сите типови физичка градба на возачот — удобен е во секоја ситуација. Неговиот клуч, кој е совитлив за да се избегне било каков ризик од удари во коленото без оглед на висината на возачот, доволно кажува за длабоката посветеност кон малите, но важни детали во секојдневната примена.

Безбедност
Опремата на Kisbee S ви гарантира опуштеност низ град. Диск-кочниците се одликуваат со инстантна одзивност, што е пресудно за непредвидените ситуации во урбаната џунгла — имаат силно, но сепак прогресивно и одмерено дејство. Тркалата и пневматиците од 12 инчи се димензионирани соодветно во широчина за одлично држење на патот, дури и во лизгави и потешки услови. Притоа, управувањето е лесно дури и за апсолутни почетници, заради осетно помалиот жироскопски ефект на 12-инчните пневматици во однос на меѓуосното растојание.
Кочниот систем, со 170 mm дијаметар на преден диск и едноставна, едноклипна кочна шепа назад, гарантира снажно триење со постепена, прогресивна кочна сила — за лесно, инстинктивно сопирање без компликации и непотребни ризици.
Kisbee S е градската „пчелка“ која вредно работи за вас, штеди гориво и не се предава. Не е економична само во однос на префинетиот европски дизајн со кој изобилува.

Суб-брендот KISBEE
Надоградувајќи се на овој успех, KISBEE by Peugeot станува засебен суб-бренд, посветен на достапна, паметна и одговорна мобилност — поддржан од обемната инженерска експертиза на Peugeot Motocycles.
KISBEE е створен да понуди достапна, рационална мобилност која ги задоволува актуелните очекувања. Со решенија за „интелигентен буџет“, KISBEE комбинира квалитет и корисничко искуство, отелотворувајќи одговорна и иновативна визија за мобилност.
Поддржан од огромното инженерско искуство на Peugeot Motocycles, брендот KISBEE се етаблира како клучен играч во современата, поедноставена мобилност.

Технички податоци
- Стандард: Euro 5
- Хомологација: L1e-B
- Име: 50 4T Air (45 km/h)
- Тип: 4-тактен едноцилиндричен
- Зафатнина (cc): 49.9
- Напојување: Електронско вбризгување
- Дијаметар x од (mm): 39 x 41.4
- Ладење: Воздушно
- Макс. моќност (kW): 2.6
- Макс. моќност (hp): 3.53
- Макс. моќност (vrt/min): 7700
- Макс. вртежен момент (Nm): 3.2
- Макс. вртежен момент (vrt/min): 7300
- Макс. брзина (km/h): 45
- Дистрибуција: 2 вентили
- Стартување: Електрично и нагазно
- Трансмисија: Ременски пренос
- CO₂ емисија (g/km): 41
- Ниво на бучава (dB): 78
Достапни бои
* Во случај на пред-одобрено финансирање со посредство на дистрибутерот. Износот на месечна рата е даден како ориентациона кредитна рата, за примерно даден период на исплата од 48 месеци, преку реномирана банка. Обратете се кај вашиот дистрибутер за подетални информации околу начинот на аплицирање.
Твојот Peugeot скутер те чека.
Побарај цена

