

Django Compact 125
125cc
Визуелен идентитет на 2027, со 1957 година
Peugeot Django Compact има скоро сè како и легендарниот Django Classic, но во полесна и повозлива изведба, со современи дизајнерски детали – спојува визуелен идентитет на 2027, со 1957 година. 70 најубави, незаборавни години, слеани во моќен дизајнерски израз.
од
229,300 ден.
3,760 € или 83 €/месец*

Подвижен и лесен во градот
Со својата нагласена возливост и маневрабилност, Django Compact 125 ги задржува удобноста и пријатноста на раскошно димензионираниот Django Classic, но притоа е исклучително подвижен и лесен за брзи урбани реакции и справување со градското секојдневие.

Икона на европскиот стајлинг
Peugeot Django денес е икона на европскиот стајлинг: retro-chic класика од романтичните времиња на поствоениот 20. век. Django Compact 125 сега нуди и современи технички решенија, како на пример напреден двоканален ABS кочен систем. Возните параметри ги отчитува најсовремен TFT дисплеј во боја.
И секако, тука е незаменливата, изразена мекост во возењето, што денес ретко се сретнува во сегментот на 125cc скутери, и го издвојува Пежо од останатите. 125-годишната традиција на Peugeot се огледува во извонредно балансираните возни својства и употребливоста на секој елемент.

Ваш личен стилист
Ултра-елегантните комбинации од бои со кои настапува се нешто посебно. Со Django Compact изгледате како да имате ваш личен стилист: незаменливо чувство, кое ви дава исклучителна самодоверба. Секој ден.

Joie de Vivre
Дел од вашиот личен image, Django Compact 125 е, воедно, и компетентен инструмент за уживање во животот – везден создавате погледи, мигови, чувства. Joie de Vivre.
Технички податоци
- Стандард: —
- Хомологација: —
- Мотор: —
- Тип: —
- Зафатнина (cc): —
- Дијаметар x од (mm): —
- Напојување: —
- Ладење: —
- Макс. моќност (kW): —
- Макс. моќност (hp): —
- Макс. моќност (vrt/min): —
- Макс. вртежен момент (Nm): —
- Макс. вртежен момент (vrt/min): —
- Макс. брзина (km/h): —
- CO₂ емисија (g/km): —
- Стартување: —
- Трансмисија: —
Достапни бои




* Во случај на пред-одобрено финансирање со посредство на дистрибутерот. Износот на месечна рата е даден како ориентациона кредитна рата, за примерно даден период на исплата од 48 месеци, преку реномирана банка. Обратете се кај вашиот дистрибутер за подетални информации околу начинот на аплицирање.
Прикажаната цена ги содржи сите увозни давачки, односно ги вклучува Царината, ДДВ и ДМВ, како и потврдувањето на техничко/хомологациската сообразност на возилото. Цената не вклучува транспорт и испорака. Цената не вклучува регистрација, осигурување и регист. таблички. Дистрибутерот го задржува правото да може да ја смени продажната цена без тоа да биде веднаш одразено во прикажаното на овој вебсајт.
Твојот Peugeot скутер те чека.
Побарајте кредитирање/Цена