
Kisbee S PLUS 50
50cc
Најпродаваниот 50cc скутер во Европа
Peugeot Kisbee S 50 е најпродаваниот 50cc скутер во Европа: апсолутен бестселер во својата категорија, веќе цели две децении. Постигнува идеален баланс во сите карактеристики, за да овозможи ценовно одмерена урбана мобилност – но без компромиси во суштинските аспекти.

од
164,500 ден.
2,675 € или 58 €/месец*
2 години гаранција од производителот.

Kisbee S PLUS 50
Сега, од 2027-та моделска година, Пежо ја разви неговата најсовремена изведба: Kisbee S PLUS 50. Култниот бестселер Kisbee S се здобива со ново, најсовремено руво, со кое е гарантиран ултра современ визуелен впечаток, каде и да се појави. Без компромиси. Неодоливо привлечни, двете нови бои Yuzu Yellow и Mercury Gray, му даваат енергија без која не можете да се замислите.
Проектиран да ви ги поедностави секојдневните релации, Kisbee S PLUS 50 се одликува со трајна, здрава конструкција и доверлива, едноставна и проверена техника: просечна потрошувачка од само 1.8 л./100km. Во спој со обемниот резервоар од цели 8,7 литри, Kisbee S PLUS 50 ви овозможува автономија од бензински станици во траење од дури ~ 460 km.

Дизајн
Дизајнот на Пежо Kisbee S PLUS 50, е триумф на спојот на едноставноста со префинетите, заоблени линии, заокружено со квалитетна завршна обработка, модерни текстури и робусни споеви на каросеријата. Се на него е конципирано за максимална практичност и издржливост во суровите градски услови. Скутер кој трае и трае.

Удобност и практичност
Kisbee S PLUS 50 ги исполнува барањата на секојдневното живеење, со неговата удобност и практичност во сите услови. Ергономски, овој ултра-продаван скутер е конципиран така да се прилагоди на сите типови на физичка градба на возачот – триаголникот седло/корман/подница е така конструиран, за да биде удобен за сечија градба.

Безбедност
Опремата на Kisbee S PLUS 50 ви гарантира опуштеност низ град. Диск кочниците се одликуваат со инстантна одзивност, што е пресудно за непредвидените ситуации во урбаната џунгла. Имаат силно, но притоа прогресивно и одмерено дејство. Тркалата и пневматиците од 12 инчи се димензионирани соодветно во широчина за одлично држење на патот, дури и во лизгави и потешки услови. Притоа, управувањето е лесно дури и за апсолутни почетници, ниската маса од само 87kg, но и осетно помалиот жироскопски ефект на 12-инчните пневматици во однос на меѓуосното растојание.
Доверливиот кочен систем, кој се одликува со 170mm дијаметар на преден диск, и едноставна, едноклипна кочна шепа назад, гарантира снажно триење, со постепена, прогресивна кочна сила - за да се овозможи лесно, инстинктивно сопирање без компликации и непотребни ризици. Кочници на кои им верувате секој ден.
Kisbee S PLUS 50 е новото, ултра-модерно руво на проверената градска „пчелка“, која вредно работи, штеди гориво и не се предава. Притоа, цел град зборува за него – дизајнот е несекојдневно современ.

Суб-брендот KISBEE
KISBEE е створен да понуди достапна, рационална мобилност која ги задоволува актуелните очекувања. Со решенија за ‘интелигентен буџет’, KISBEE комбинира квалитет и корисничко искуство, отелотворувајќи одговорна и иновативна визија за мобилност.
Поддржан од огромното инженерско искуство на Peugeot Motocycles, брендот KISBEE се етаблира како клучен европски играч во современата, поедноставена и ултра-ефикасна мобилност.

Технички податоци
- Стандард: Euro 5
- Хомологација: L1e-B
- Име: 50 4T Air (45 km/h)
- Тип: 4-тактен едноцилиндричен
- Зафатнина (cc): 49.9
- Напојување: Електронско вбризгување
- Дијаметар x од (mm): 39 x 41.4
- Ладење: Воздушно
- Макс. моќност (kW): 2.6
- Макс. моќност (hp): 3.53
- Макс. моќност (vrt/min): 7700
- Макс. вртежен момент (Nm): 3.2
- Макс. вртежен момент (vrt/min): 7300
- Макс. брзина (km/h): 45
- Дистрибуција: 2 вентили
- Стартување: Електрично и нагазно
- Трансмисија: Ременски пренос
- CO₂ емисија (g/km): 41
- Ниво на бучава (dB): 78
Достапни бои



* Во случај на пред-одобрено финансирање со посредство на дистрибутерот. Износот на месечна рата е даден како ориентациона кредитна рата, за примерно даден период на исплата од 48 месеци, преку реномирана банка. Обратете се кај вашиот дистрибутер за подетални информации околу начинот на аплицирање.
Прикажаната цена ги содржи сите увозни давачки, односно ги вклучува Царината, ДДВ и ДМВ, како и потврдувањето на техничко/хомологациската сообразност на возилото. Цената не вклучува транспорт и испорака. Цената не вклучува регистрација, осигурување и регист. таблички. Дистрибутерот го задржува правото да може да ја смени продажната цена без тоа да биде веднаш одразено во прикажаното на овој вебсајт.
Твојот Peugeot скутер те чека.
Побарајте кредитирање/Цена